Скулптури облечени според последните трендови

Францускиот фотограф Лео Кајар е автор на овие интересни дела во кои скулптури стари стотици и илјадници години „се облечени“ во парчиња облека од денешните трендови. Неговата цел била да го задржи погледот на гледачот врз ваков неверојатен спој од два различни света. Во тоа несомнено успеал, а го направил така што прво ги фотографирал вајарските ремек дела, а потоа фотографирал неколку свои пријатели во исти пози, но облечени со облеката наменета за скулптурите. Потоа, со помош на талентот за дигитално манипулирање со фотографии на колегата Алексис Персани, успеал да направи комбинација од двете слики. Крајниот резултат е навистина интересен и до сега невиден.

Скулптури облечени според последните трендовиСкулптури облечени според последните трендовиСкулптури облечени според последните трендовиСкулптури облечени според последните трендовиСкулптури облечени според последните трендовиСкулптури облечени според последните трендовиСкулптури облечени според последните трендови


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар