Симпатични подвижни фотографии

Њујоршкиот моден фотограф Џејми Бек, во соработка со Кевин Бург, кој е веб-дизајнер со искуство во подвижна графика и видео обработка, креирале серија од прекрасни анимирани фотографии, кои ги нарекуваат „cinemagraphs“.Симпатични подвижни фотографииВо неколку од нив, има позирано канадскиот супермодел Коко Роча, поради што фотографииве бааги го привлекле вниманието на медиумите. Според Роча, овие „кинемаграфии“ се повеќе од фотографии, но помалку од видео.Симпатични подвижни фотографииИ покрај тоа што концептот за создавање анимирани GIF фотографии е стар и веќе виден, анимациите кои досега сме ги виделе на интернет, најчесто биле невкусни и прости. Анимираните фотографии на Џејми Бек од друга страна, имаат фантастична атмосфера, која ја воздигнува уметноста на создавањето фотографии во GIF.Симпатични подвижни фотографииЦелта на Џејми Бек е да внесе движење во одредени делови од фотографијата, за да го фати временскиот момент, но и да ја „одмрзне“ фиксната фотографија, на начин што ќе го улови минливиот момент.Симпатични подвижни фотографии

„Сметаме дека дека ваквиот тип подвижни фотографии може да има многу возбудливи употреби. Постои движење во сè и со ловење на тоа движење, во комбинација со убавината на обичната фотографија, можете да го искусите она што го нуди видеото, без големиот ангажман кој видео обработката го бара“ – вели Џејми.

Симпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографииСимпатични подвижни фотографии


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. MorquesaDemona Reply

    wow! Lovelyyy!

  2. Aneta Reply

    ne mi se veruvaaaaa kolku e ova dobro!

  3. Sara Petrovska Reply

    prejaki fotografii

  4. Катерина Неделкоска Reply

    Браво!!! 😀

Остави коментар