Шарена блиска средба со меури од сапуница

Фабијан Ефнер е млад суперталентиран фотограф од Цирих кој креира многу необични фотографии користејќи ги познавањата од физиката. Тој одлично знае како да создаде вонземски ефект со помош на светло, звучни бранови и разни материи.

Шарена блиска средба со меури од сапуница

Овој пат фотографирал меури од сапуница одговарајќи на два клучни предизвика: употреба на вистинското светло и фотографирање во вистинскиот момент. Го поставил светлото со кое требало да ги долови прекрасните бои, упорно правел меури од сапуница и трпеливо фотографирал стотици пати. По ваквата макотрпна работа успеал одблизу да ја фати колоритноста на краткиот животен век на меурите, а крајниот резултат се овие извонредни макрофотографии.

Шарена блиска средба со меури од сапуницаШарена блиска средба со меури од сапуницаШарена блиска средба со меури од сапуницаШарена блиска средба со меури од сапуницаШарена блиска средба со меури од сапуницаШарена блиска средба со меури од сапуницаШарена блиска средба со меури од сапуницаШарена блиска средба со меури од сапуницаШарена блиска средба со меури од сапуница

Неодамна имавме можност да видиме уште еден креативен сет фотографии од Фабијан Ефнер на кои се претставени колоритни течни мозаици, добиени како резултат на мешање на водени бои, ферофлуид (течност слична на моторното масло) и магнетно поле, под чие дејство оваа течност силно се магнетизира.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар