„Шанел“ со нова хипнотизирачка реклама

Француската куќа за висока мода дефинитивно донесе вистинска одлука со ангажирањето на Питер Филипс – креативниот директор на Chanel Make Up. Тоа е човекот кој успева да додаде елегантен, луксузен допир на буквално сè што е убаво и светкаво во светот на Шанел. Во ера на модата кога се прашувате што уште може да се измисли, Питер Филипс е оној кој моделите на Шанел ги прошета по пистите на високата мода со „дијамантски веѓи“ и оној кој од нешто веќе сосема неповратно, како привремените тетоважи, создаде вистински хит.Chanel со нова хипнотизирачка реклама  Chanel со нова хипнотизирачка реклама Chanel со нова хипнотизирачка рекламаПоследната сензација креирана под палката на Филипс е промотивната реклама за новите Шанел кармини – Rouge Allure, претставувајќи дел од неодоливите 16 нови нијанси во хипнотизирачкото видео „Mirror, mirror“. Биле потребни цели 4 часа за да се нанесе секое парченце стакло и кристал посебно на лицето на моделот. А љубовта на Филипс кон светкавите нешта е повеќе од јасна:

„Одблесокот е повеќе од само еден замрзнат миг. Тоа е еден синџир на слики, затоа што се движи, како огномет. И тоа е нешто што може да се види само во филмот или во реалниот живот.“

Chanel со нова хипнотизирачка рекламаАко целта била да е невозможно да се одвојат очи, може да се каже дека е постигната.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар