Романтично прибежиште на Малдивите

Како малдивската егзотика да не е доволно романтична сама по себе, па прекрасниот хотел Хувафен Фуши е сместен токму овде за да го надополни амбиентот, кој е како создаден за вљубените да избегаат од реалноста.Романтично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеХотелот изобилува со луксузни детали. Највпечатлив е неверојатниот стаклен под под кој се гледа беспрекорно чистата вода, давајќи им на гостите чувство дека лебдат во некој друг свет. Но, тоа не е единствениот паралелен универзум сместен на овој приватен остров. Овде се наоѓа првиот подводен спа центар, каде што тие можат да се релаксираат во бројните третмани кои им се на располагање. Покрај тоа, посетителите можат да нуркаат на коралните гребени, да ловат риба на зајдисонце, да пливаат со делфините, да крстарат во близина на брегот итн.Романтично прибежиште на МалдивитеХувафен Фуши на вљубените им нуди и едно многу несекојдневно искуство: тие овде можат да се венчаат или да ги обноват заветите. Оваа венчавка нема граѓански, туку само церемонијален карактер. Сепак, и тоа е доволно за некои двојки да дојдат на оваа плажа  и да си дадат завет на вечна верност, додека сонцето заоѓа зад тиркизниот океан.Романтично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на Малдивите Романтично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на МалдивитеРомантично прибежиште на Малдивите Романтично прибежиште на Малдивите Романтично прибежиште на Малдивите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар