Романтична свадбена фотосесија сместена во 20-тите

Тематските свадбени фотосесии станаа ултрапопуларни во последно време, а најомилени помеѓу вљубените парови се дефинитивно оние со винтиџ елементи. Со оглед на романтиката и нежноста кои ги додаваат на фотографиите, разбирливо е зошто се толку посакувани особено за такви моменти за паметење како што се свадбите и веридбите. И овој заљубен пар не останал рамнодушен на ретро фотографиите, па за својата свадба во соработка со студиото Jessica Christie Photography ја смислиле оваа фотосесија со интересна позадина.

Романтична свадбена фотосесија сместена во 20-тите

Сликите ја раскажуваат приказната сместена во 20-тите години за младата невеста која го чека својот маж да се врати од војна. Старите часовници, прозорците низ кои што таа гледа и сликата во рацете на младоженецот се дел од моментите кои ја прават оваа фотосесија навистина романтична, но истовремено и по малку носталгична. Едно е сигурно, љубовта на овие фотографии е безвремена. Идејата е навистина одлично осмислена, а и мора да признаеме дека се преубав пар!

Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите Романтична свадбена фотосесија сместена во 20 - тите



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар