Романтична куќичка на дрво со џакузи

Романтична куќичка на дрво со џакузи

Дали како деца сте копнееле да имате ваша лична куќичка на дрво, која би претставувала ваше скривалиште и интимен простор во кој никој нема да ве вознемирува? Во денешно време да се дојде до една таква е многу лесно, доколку тоа сè уште го сакате и имате доволно пари. Француската компанија „Canopée Construction“ е специјализирана токму за изградба на куќички на дрво. Оваа што можете да ја погледнете на сликите е изградена изминатава зима, а се наоѓа на 50 километри северно од градот Тулуз, Франција.
Романтична куќичка на дрво со џакузиКуќичката „Cabane & Spa“ е издигната 3,6 метри од земјата. На неа има огромна палуба со џакузи, тераса со панорамски поглед кон селската идила во нејзината околија, спална и бања со туш кабина. Истата може да биде изнајмена за цена од 145 евра (понеделник до четврток) до 165 евра (петок до недела) по ноќевање за двајца, а во цената е вклучен и појадок. Величествената куќичка е одлично место за романтично бегство со вашиот партнер.Романтична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Винко (Резбарство МК) Reply

    Прекрасно вклопена дрвена куќичка во природните убавини во близината на Тулуз.
    Благодарност за споделувањето на сликите и линкот!

Остави коментар