Разиграна абецеда

Разиграна абецеда

Графичката дизајнерка и илустраторка Тиен-Мин Лијао изработила интересна анимација за промоција на абецедата. Таа на нејзините раце нацртала линии со мастило, кои кога гестикулира се претвораат во јасни букви. Ова е нејзин личен типографски експеримент, преку кој ги истражува односите помеѓу големите и малите букви. Со лесни и едноставни движења на рацете, тие се трансформираат од едни во други. За дечињата кои одбиваат да го научат писмото, можеби решението лежи токму во концептот на младата дизајнерка.Разиграна абецедаРазиграна абецеда

„Направив 26 комбинации, кои со мастило ги нацртав на моите раце. Секоја комбинација значи некоја голема и мала буква, на пример А и а. Исто така, создадов и италик стил и некои нови фонтови“, вели Лијао.

Разиграна абецедаРазиграна абецедаРазиграна абецеда



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар