Разигран дизајн на кауч кој изгледа како огромно и удобно гнездо

Мерав (Салуш) Ејтан и Гестон Зар од „OGE Creative Group“ биле инспирирани од структурата на гнездото на птиците и токму затоа решиле да дизајнираат разигран простор за одмор. Овој дизајн го нарекле „Огромно гнездо за птици за креирање нови идеи“ и се состои од кружна дрвена структура, исполнета со меки перници во форма на јајца. На овој кауч можете да одмарате, да работите, па дури и да го употребувате како мини игралиште.

Разигран дизајн на кауч кој изгледа како огромно и удобно гнездо

Неконвенционалниот концепт ги надминува границите на типичен кауч и овозможува нов и забавен начин за опуштање и дружење. Овој продукт може да се порача во 4 димензии, започнувајќи од мал простор во кој би собрало од 2 до 3 луѓе, па сè до простор со големина од 4,5 метри каде што удобно би можеле да се сместат 16-тина луѓе. Компанијата која стои позади овој дизајн вели:

„Концептот е моќен, но истовремено и едноставен. Тој нема потреба од објаснување или упатство за употреба, подготвен е веднаш за користење, без разлика дали станува збор за забава или работа. Едноставно скокнете во него и уживајте.“




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар