Рајска куќа на Ибица

За многумина, Ибица во Шпанија е како парче од рајот, остров на задоволствата со најневеројатен природен предел каде што сè е возможно. Водата таму е невообичаено сина и сè наоколу изгледа неверојатно, како да сонувате. Куќата Casa Jondal е дел од ова волшебно парче на Земјата.Рајска куќа на ИбицаОпфаќајќи 380 метри квадратни, резиденцијата претставува спој на шпанскиот рустичен стил и модерниот дизајн. Градбата ја сочинуваат два големи меѓусебно поврзани дела. Надворешноста е покриена со бетонски цигли, а внатрешноста со керамички.Рајска куќа на ИбицаПрвиот дел ја сочинува главната спална соба која е исполнета со природно светло, а вториот извонредната гостинска соба. Со лизгачки челични рамки на влезот, Casa Jondal e дом кој е перфектно адаптиран на неговата околина, како и на потребите на модерното.Рајска куќа на ИбицаОколината на куќата ја карактеризира двор во медитерански стил распослан на површина од 485 метри квадратни, кој е природно продолжение на внатрешниот простор. За среќа, шпанското време овозможува долгиот базен да се искористува максимално во текот на летната сезона. Куќата е дизајнирана од Каталонскиот архитект Хаиме Сера од студиото Atlant Del Vent. Casa Jondal е перфектно место за уживање во жив0тот. Ќе се сложите, нели?Рајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на ИбицаРајска куќа на Ибица


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. tea Reply

    najprekrasno e!!!:))) sakam tuka na meden mesec..hahahah

Остави коментар