Рачен часовник инспириран од Њујорк

Овој рачен часовник е изработен од луксузната швајцарска компанија „Piaget“, која се занимава со изработка на часовници и накит. Моделот е направен за да им оддаде почит на 12 легендарни згради на градот Њујорк, во кои е вклучена и Статуата на слободата.

Рачен часовник инспириран од ЊујоркЗградите се поставени на црната основа на часовникот, помеѓу римските броеви кои ги означуваат часовите. Тој е придвижуван од механизам изработен од самата компанија, кој е составен од 163 компоненти, од кои 27 се скапоцени камења.Рачен часовник инспириран од ЊујоркДве прекрасни гравури се наоѓаат на двете страни од часовникот, едната прикажувајќи го Менхетен со двата главни мостови, другата прикажувајќи го Њујорк од Статуата на слободата. Круната на часовникот е направена од 18-каратно бело злато со гламурозен дијамант во средината. Ремчињата се од алигаторска кожа. Рачен часовник инспириран од ЊујоркОд овој модел се изработени само три парчиња, што го прави часовникот уникатен и ексклузивен. Неговата цена засега останува тајна.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Piaget Polo Tourbillon Relatif, New York.
За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар