Притиснете едно копче и добијте модерна соба

Со притискање само едно копче, големиот сандак, се претвора во модерен и удобен простор за живеење. Масивниот транспортен контејнер кој магично се претвора во соба за спиење и одморање, е изработен од архитектот Адам Калкин. Во т.н. „Push Button House“ (Куќа на копче) има кревет за спиење, кауч за релаксирање, маса за јадење, простор за бања, мала библиотека и голем број ламби. Притиснете едно копче и добијте модерна собаОваа неверојатна архитектонска инсталација, користи хидраулична моќ, за да ја отвори собата за само 90 секунди. Архитектот во иднина планира уште поамбициозен проект од сличен карактер т.н. „Push Button House 2“, каде што од сличен контејнер сака да „раздипли“ дури 5 соби! Едвај чекаме да го видиме тоа чудо. :)Притиснете едно копче и добијте модерна собаПритиснете едно копче и добијте модерна собаПритиснете едно копче и добијте модерна собаКалкин очигледно има неверојатна перцепција за дизајн и способност да ја пронајде убавината во најобичните нешта. Ќе можете некогаш повторно да погледнете во контејнер за транспорт, без да помислите на можните дизајни кои можат да произлезат од него? :)Притиснете едно копче и добијте модерна соба


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар