Прекрасни фотоманипулации во надреалистичен стил

Серијата фотоманипулации на полскиот фотограф Дариуш Климчак со сигурност ќе ве потсети на делата на најпознатиот надреалистчен сликар, Салвадор Дали. Во своите фотографии, Климчак пустите, напуштени пејзажи ги пополнува со бизарни и надреални ликови и предмети и успева да ја долови атмосферата, толку својствена за делата на Дали.

Прекрасни фотографии во надреалистичен стил

Целта на неговите фотоманипулации е преку користењето на универзални симболи, да се раскаже приказна, која ќе допре до луѓето, ќе ги поттикне на размислување или барем ќе успее да ги насмее. Инаку, Климчак за себе вели дека повеќе ја преферира црно-белата фотографија и дека ретко практикува да работи во боја. Тој е познат фотограф, со повеќе од 30 години искуство, кој зад себе има многу успешни изложби.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар