Префинето боемско прибежиште на Алпите

Оваа прекрасна куќа се наоѓа на француските Алпи во близина на туристичкото место Межев. До пред извесно време била обична традиционална куќа на фармери, но откако ја уредил белгискиот декоратер Лионел Жадо таа се претворила во префинето боемско прибежиште, идеално за уметничките души во зимските денови. Кога временските услови го дозволуваат тоа, тие најмногу ќе уживаат на терасата на вториот кат, од каде што можат да се воодушевуваат на живописните Алпски пејзажи.

Префинето боемско прибежиште на Алпите

Жадо оставил цел ѕид наменет за прозорец за да може да се ужива во таквата глетка и од удобниот кревет крај каминот. Мебелот изгледа старомодно, со цел да го долови боемскиот амбиент, а носи печат од разни култури од Европа, Африка и Азија.

Префинето боемско прибежиште на АлпитеПрефинето боемско прибежиште на АлпитеПрефинето боемско прибежиште на АлпитеПрефинето боемско прибежиште на АлпитеПрефинето боемско прибежиште на АлпитеПрефинето боемско прибежиште на АлпитеПрефинето боемско прибежиште на АлпитеПрефинето боемско прибежиште на АлпитеПрефинето боемско прибежиште на Алпите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар