Постојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнат

Дупнатата гума е најлошиот начин да му се уништи патот на велосипедистот. Но, отсега велосипедистите можат да заборават на носење различна опрема за справување со издишаните и скинатите гуми бидејќи вработените во компанијата „Nexo“ создале безвоздушни гуми што ќе се погрижат да продолжите да вртите со педалите.

(2) Постојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнат

Гумите што не можат да се издишат не се новост, но нивната примена никогаш не се раширила поради неудобноста и непријатноста што ја предизвикувале при возењето. Но, вработените во оваа компанија тврдат дека нашле решение на проблемот. Гумите се направени од мешавини на полимер за кои се смета дека не само што создаваат совршен баланс, чувство на мекост и отпорност, туку истовремено и се и многу издржливи.

Постојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнат

Продуктот доаѓа во две различни форми – гуми што можат да се монтираат на велосипед со животен век до 5.000 километри и оние што можат да го заменат целиот механизам за возење со траење до 8.000 километри.

(1) Постојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнат

Ако тоа не ви е доволно неверојатно, тогаш сигурно ќе се зачудите кога ќе ви кажеме дека овие гуми се направени од единствен материјал, што го прави рециклирањето многу едноставно. Со оглед на тоа што на годишно ниво се фрлаат и по 10.000.000 тони гуми од велосипеди, ова без сомнение е чекор во вистинската насока. Погледнете го и видеото да дознаете повеќе информации за овие иновативни гуми.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар