Портрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

Портрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

Додека вие се обидувате да се згреете со шолја топол чај во овие студени денови, артистот Карн Грифитс му наоѓа друга примена на чајот освен за пиење. Кога решава да слика, тој ја потопува неговата четка, во многу шолји полни со разнобојни чаеви.

Портрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

Тој црта прекрасни портрети на жени, за чија изработка, сè што му е потребно е мастило, платно и разни чаеви за пиење. Крајниот резултат на неговите уметнички дела е несекојдневен и креативен, бидејќи тој прво ги црта со туш контурите, а потоа им дава специфичен, непрецизен облик со разните бои сварени чаеви. Потоа тој го повторува целиот процес на потенцирање на контурите со мастило, па нивно разобличување со чаеви.

Портрети нацртани со туш и разнобојни чаеви

Во неговото студио има многу различни вкусови чаеви… камилица, ванила и мед, ерл греј, зелен чај… Под влијание на артистите кои се занимаваат со надреална уметност и оние кои изработуваат везени дезени, Грифитс настојува да ги потегне набљудувачите кон неговата лична визија. На неговите карактеристични портрети може да се види профилот на модерните сензуални жени, од чие тело произлегуваат растенија и цвеќиња насликани во нивниот природен раст, што им дава еден особен „шмек“. Неговата работа зрачи со смелост, самодоверба, убавина и живост, а најинтересен ефект даваат протечените линии од чајот кон дното на платното.

Портрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаевиПортрети нацртани со туш и разнобојни чаеви


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар