Портрети на култури во изумирање

Фотографот Џими Нелсон го пропатувал целиот свет барајќи ги последните племиња кои живеат одделено и независно од современата цивилизација. Сретнал многу од нив, ги фотографирал и ја создал импресивната документарна серија фотографии наречена „Пред да заминат“ (Before They Pass Away). Од Папуа Нова Гвинеја до Сибир, од Етиопија па сѐ до Непал, Нелсон побрзал да ги направи овие фотографии затоа што на овие култури им се заканува изумирање.

Племето Хули во Индонезија и Папуа Нова Гвинеја

Портрети на култури во изумирање Портрети на култури во изумирање

Фотографирањето воопшто не било едноставно. Тој морал да изгради однос на доверба со нив.

„По пристигнувањето на локациите секогаш прво гледав да се осигурам да не го видат фотоапаратот. Исто така себе сисе претставив како некој мал човек, и во физичка и во преносна смисла. Висок сум и наметлив со својата висина, но кога ќе ‘се сторите’ мал тие имаат чувство дека имаат контрола над ситуацијата, дури и кога тоа значи да поминете четири дена во кал. Се обидував да комуницирам со нив, обично преку преведувачи. На места како Папуа Нова Гвинеја, каде што се говорат илјадници јазици, морав да користам мимики и допирање. Друга важна работа е тоа што секогаш престојував заедно со нив, без разлика дали тоа беше во шатор или на земја, затоа што не сакав да им оставам впечаток дека сум нешто подобар од нив,“ објаснува Нелсон.

Горока во Индонезија и Папуа Нова Гвинеја

Портрети на култури во изумирање Портрети на култури во изумирање Портрети на култури во изумирање Портрети на култури во изумирање

Иако направил голем број фотографии, сепак не успеал докрај во својата намера. Првичниот план да слика вкупно 70 племиња бил спречен од бирократските бариери во некои земји, а понекогаш проблем била и физичката непристапност на терените каде што живееле членовите на племињата.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар