Порцелански предмети изработени со техниката оризово зрно

Повеќето луѓе кои се занимаваат со оваа техника веруваат дека таа за првпат се појавува во Кина, кон крајот на 18тиот век, иако слични предмети кои се ископани, се проценува дека се од времето на  Персиската империја од 900тата година.

Предметите се прават од порцелан паста и мала количина на пепел од коски за да се зголеми нивната белина. Техниката се нарекува оризово зрно, бидејќи токму со зрно ориз се прават дупчиња по ѕидовите на предметите и потоа се  полнат со глазура, која по стопувањето изгледа како мало прозорче.

Овие порцелански предмети ги изработува Ева Јокинен од Финска, а нејзините производи можат да се најдат и во САД, Швајцарија и Норвешка.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар