Порцеланска елка направена од 5.000 чинии

Порцеланска елка направена од 5.000 чинии

Додека во нашиот Градски парк полека станa традиција да се прави новогодишна елка од пластични шишиња, со цел да се подигне еколошката свест, Белгијците дошле до една поинаква идеја. Inge Vanluyd и Stefan Vanbergen од белгиската компанија Mooz решиле да направат порцеланска елка од 5.000 чинии, со висина од 9 метри. Порцеланска елка направена од 5.000 чинииТие дошле до оваа идеја, тргнувајќи од помислата дека сите дома чуваме некои чудни чинии и шолји, кои не ги користиме за ништо и кои никогаш не ја напуштаат кујната. Овие двајца најпрвин забележале дека и нивните пријатели и семејства, исто така имаат вишок чинии, кои бесцелно ги чуваат дома. Тоа им било доволна причина, да смислат креативен начин да ги дислоцираат овие предмети. За изградбата на оваа елка, чинии донирале дури 3.000 луѓе, а симболично ја нарекуваат „Capital of Taste“. Мораме да признаеме дека идејата е необична, но добиениот резултат е магичен!Порцеланска елка направена од 5.000 чинииПорцеланска елка направена од 5.000 чинииПорцеланска елка направена од 5.000 чинииПорцеланска елка направена од 5.000 чинии


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. 123 Reply

    Prekrasna e!

Напиши одговор на 123 Откажи одговор