Погледнете ја оваа мегајахта која ќе чини повеќе од милијарда долари

Италијанскиот производител на бродови и јахти „Italian Sea Group“ на својот сајт ги претстави фотографиите од моделот „Адмирал Екс-Форс 145“ (Admiral X-Force 145), јахта од 145 метри која ќе биде толку луксузна што се проценува дека ќе чини повеќе од милијарда долари.

(1) poglednete-ja-ovaa-mega-jahta-koja-kje-chini-povekje-od-milijarda-dolari-kafepauza.mk

Сепак, точната информација за цената ќе ја добијат исклучиво сериозните купувачи, но тоа што е дефинитивно потврдено е дека јахтата ќе има внатрешни и надворешни базени, две кино сали, два хелидроми, неколку гаражи и теретани, како и раскошно средени ентериери со кристални лустери и мермерни подови.

Дали оваа јахта ќе биде најскапа во светот зависи од првиот примерок на X-Force 145 кој ќе биде готов до пролетта, 2018 година, бидејќи тогаш би требало да заплови во водите и неговата цена да се зголеми.

Имено, фирмата „4Yacht“ исто така гради „чудовиште“, 222 метри долга јахта која го носи името „Трипл Дјус“ (Triple Deuce) и ќе чини повеќе од милијарда долари. Сепак, информациите за нарачателот на оваа јахта се непознати, но тој за нејзиното годишно одржување ќе треба да одвојува по 20-30 милиони долари.

Откако ќе ја погледнете галеријата, сигурно ќе посакате да запловите во оваа луксузна јахта. Но, да бидеме реални, кој не би сакал?

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    :)

Остави коментар