Погледнете ја елката која ја восхитила Опра Винфри

Џеф Летам, артистички директор на хотелот „Four Seasons Hotel George V“ во Париз, навистина се надминал себеси оваа година со празничните декорации во објектот. Тој креирал уникатно божиќно дрво од илјадници висечки електрични светилки. Окружена од 40 живи елки, на убавата инсталација ѝ се восхитувала и Опра Винфри, која неодамна го посетила парискиот хотел и пишала на нејзиниот профил на Инстаграм дека го обожава уникатното дрво.

Погледнете ја елката која ја восхитила Опра Винфри Погледнете ја елката која ја восхитила Опра Винфри

Во лобито на хотелот, Летам работел со Мишел Аман од компанијата „Crystal Groups Designs“ со кој ги создале интересните златни ирваси. Секое од џиновските животни е направено од 1.300 различни огледала, а се високи 4 метри и тешки 500 кг. Пред шанкот има 13.000 златни топчиња кои се наредени едно врз друго и создаваат илузија како елките да лебдат над нив.

Погледнете ја елката која ја восхитила Опра Винфри Погледнете ја елката која ја восхитила Опра Винфри Погледнете ја елката која ја восхитила Опра Винфри Погледнете ја елката која ја восхитила Опра Винфри

Погледнете во видеото како изгледа сета оваа празнична магија во хотелот.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар