Поетични слики кои ќе ве фрлат во занес

Поетични слики кои ќе ве фрлат во занес

Автор: Цветанка Арнаудова

Родена во Сан Себастијан, Шпанија, Inma Rosillo е артистка која нема да ве остави рамнодушни, кога ќе ја погледнете нејзината работа. Иако дипломирала на научно-техничкиот факултет во Мадрид, ја напушта работата како новинарка за да се препушти на сликањето и пишувањето.

Поетични слики кои ќе ве фрлат во занес

Нејзиното сликање е како низа песни со кои го слави светот, убавината и создавањето. Нејзиното сликарство е магично и витално, кое е во блиска врска со поезијата.

Оттаму се раѓа она што можеме да го наречеме „апстрактен лиризам“, сликарство видено како „откровение“. За Инма сликарството претставува „вибрација на душата“.

Поетични слики кои ќе ве фрлат во занес Поетични слики кои ќе ве фрлат во занес

По стекнувањето на вештината за различни сликарски техники, добиена во работилницата на сликарот Carlos Larrague, таа започнува со самостојни и групни изложби кои не запираат. Таа создава слушајќи го нејзиното срце, како што вели, тоа е единственото место каде што можеш да создаваш. Нејзините илустрации повторно го создадоа светот безвременски, дамнешен и моќен. Таа вели дека слика затоа што тоа во неа буди состојба на занес, се обидува да лета, да сонува, да лебди. Постанува душа разоткриена во објектот кој е насликан. Вели дека процесот на сликање го доживува како љубовен чин, како поврзаност со убавината.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар