Подгответе се за фотографии со модерни позадини: 11 трикови како да го направите вашиот дом пофотогеничен

Во добата на социјалните мрежи, сите сакаат домовите да им изгледаат фотогенично за да создадат прекрасни Инстаграм фотографии. Во продолжение следуваат триковите што ќе ви помогнат во оваа цел, а за фактот дека се успешни, имаме голема потврда од експертите за уредување на ентериерот.

0-podgotvete-se-za-fotografii-so-moderni-pozadini-11-trikovi-kako-da-go-napravite-vashiot-dom-pofotogenichen-www.kafepauza.mk_

1. Доколку сакате вашиот дом да изгледа совршено на секоја ваша наредна фотографија, водете сметка за секоја ситница што е во кадарот или во видното поле. Перниците би требало да бидат совршено наместени, а таа совршеност би можело да ја дефинирате како средено „под конец“ или „неуредно“ наредено. Истото важи и за обувките, а покривачите и сите ткаенини треба да бидат совршено наместени така што ниту еден детаљ или набор не би ја нарушил целата рамнотежа.

1-podgotvete-se-za-fotografii-so-moderni-pozadini-11-trikovi-kako-da-go-napravite-vashiot-dom-pofotogenichen-www.kafepauza.mk_

2. Природното осветлување е клучот за добро фотографирање на ентериерот. Заобиколете ги ламбите и сијалиците, бидејќи создаваат сенки и искористите ја максимално природната светлина. Отворете ги прозорите, тргнете ги завесите и фотографирајте рано наутро или доцна попладне кога светлината е најмека. Светлите простории се секогаш атрактивни за фотографирање.

2-podgotvete-se-za-fotografii-so-moderni-pozadini-11-trikovi-kako-da-go-napravite-vashiot-dom-pofotogenichen-www.kafepauza.mk_

3. Доколку имате некои посебни барања за фотографирање на ентериерот, подгответе го домот една вечер пред фотографирањето. Наутро повторно ќе можете да го погледнете секој детаљ и можеби ќе посакате нешто дополнително да измените.

3-podgotvete-se-za-fotografii-so-moderni-pozadini-11-trikovi-kako-da-go-napravite-vashiot-dom-pofotogenichen-www.kafepauza.mk_

4. Експертите за уредување на ентериерот сметаат дека едноставните простории се секогаш најдобри за фотографирање. Затоа, средете го вашиот дом до последен детаљ. Потоа, додајте некој детаљ што ќе му даде на просторот личен печат, а деталите кои секогаш се интересни на фотографијата се оние групираните, по висина, по големина. Интересно, зар не?

4-podgotvete-se-za-fotografii-so-moderni-pozadini-11-trikovi-kako-da-go-napravite-vashiot-dom-pofotogenichen-www.kafepauza.mk_

5. За слатка фотографија користете слатки украси. Слободно на масата ставете чинија со омилените слатки. И тоа дава еден свој личен печат.

5-podgotvete-se-za-fotografii-so-moderni-pozadini-11-trikovi-kako-da-go-napravite-vashiot-dom-pofotogenichen-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страна за уште поголема инспирација и начини за уредување.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар