Патување низ времето со помош на Фотошоп

Сигурно сте се запрашале како би било да имате можност да се вратите во минатото и да ги гледате Битлси во живо или пак можеби за кратко да ѕирнете на сетот додека Мерлин Монро снима некоја легендарна сцена. Всушност, постојат толку многу неповторливи историски моменти, без разлика дали станува збор за филм, музика или што било друго што секој од нас барем еднаш си рекол „Ех, да бев таму!“

Истото го мислела и фотографката Флора Борси која успеала да отиде еден чекор понатаму. Иако не можела буквално да се телепортира на друго место и во друго време, си направила вештачки „спомени“ со нејзините омилени славни личности и на многу кул начин се приближила до минатото.

Флора со помош на Фотошоп вметнува своја слика во црно-бели фотографии од стариот Холивуд, па така можеме да ја пронајдеме во толпата на концерт на Елвис Присли, на сет со Вуди Ален или пак бекстејџ со Мерлин Монро. Целиот проект е наречен „Time travel project“, а ако се земе предвид дека Флора на секоја фотографија е со својот модерен, мобилен телефон навистина изгледа како патник од друго време.(1) Патување низ времето со помош на Фотошоп(2) Патување низ времето со помош на Фотошоп(3) Патување низ времето со помош на Фотошоп(4) Патување низ времето со помош на Фотошоп(5) Патување низ времето со помош на Фотошоп(6) Патување низ времето со помош на Фотошоп(7) Патување низ времето со помош на Фотошоп


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар