Патувајќи по брегот на Португалија

Во 2011 година, фотографот Алесандро Пучинели одлучил да се одмори од својата професионална работа како фотограф за реклами и да се концентрира на своите лични проекти кои се наоѓаат во центарот на неговата најголема животна страст – морето. Пучинели купил стар дом на тркала и започнал со својата авантура по јужниот брег на Португалија.

Патувајќи по брегот на Португалија

Серијата фотографии наречена „A Van in the Sea“ била направена во текот на 2013 година на некои од неговите најомилени места. Секоја вечер, пред да легне да спие, Пучинели шетал доволно далеку за да направи фотографија од својот дом, каде што во позадината ќе се гледаат неверојатните пејзажи кои ја красат ноќта. Погледнете дел од оваа одлична серија фотографии која ќе ве одведе на кратко патување по брегот на Португалија.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар