Париз во движење

Mayeul Akpovi е фантастичен фотограф кој се занимава со time-lapse фотографија и креирање кратки филмчиња. Тој е роден во Република Бенин, Западна Африка, но моментално живее во Безансон, Франција. Восхитен од убавините кои ги нуди овој романтичен град, тој решил да сними прекрасни видеа, кои ја доловуваат убавината на раздвижениот Париз.

Париз во движење

Во неговото најново видео, употребил 3.500 фотографии од Париз кои сам ги фотографирал и потоа ги споил за да креира фантастично ремек-дело. Уверете се и сами во тоа:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар