Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе

Со изградбата на најтесната куќа во светот, австрискиот артист Ервин Вурм, покажува колку тој гледа поинаку на светот околу себе, а ги предизвикал и посетителите на неговата „изложба“ да го сторат истото. Тој ја изградил оваа инсталација т.н. „Narrow House“, врз база на домот во којшто живеел во детството.

Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе

Посетителите биле поканети да го истражат овој речиси надреален дом, исполнет со многу тесен мебел. Ходниците, спалната соба, дневната просторија, па дури и тоалетот се „компресирани“ на еден креативен и необичен начин. Во текот на изложбата, Вурм покренал интересни теми за просторот, поставувајќи некои длабоки и вознемирувачки прашања за теророт кој произлегува од притискање, ограничување или нарушување на нашиот личен простор.

Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе

 

Вурм ѝ пристапува на уметноста со голема смисла за хумор. Тој и самиот вели: „Не мора секогаш да бидете смртно сериозни. Сарказмот и хуморот можат да ви помогнат да ги погледнете работите од посветлата страна“.

Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе

Тој токму тоа и го постигнува, бидејќи голем дел од неговите дела, вклучуваат редефинирање на очекувањата кои ги имаме за светот околу нас. Создава интерактивна уметност, служејќи се со секојдневното опкружување, материјали и луѓе, со цел да ги провоцира набљудувачите на неговото дело, најпрвин да се насмевнат, а потоа внимателно да размислат што е она што всушност го гледаат.

Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе Ова е најтесната куќа којашто некогаш сте ја виделе

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Eda Reply

    Wow, claustrophobia :))

Остави коментар