Откачена свадбена фотографија која вечно ќе се памти

Откачена свадбена фотографија која вечно ќе се памти

Доколку некој планира да прави свадба наскоро, треба да го погледне овој многу смешен концепт на фотографот Квин Милер. Забавната фотографија се состои од свадбена прослава, на која гостите и младоженците врискаат и умират од страв, бегајќи од џиновскиот диносаурус кој им е зад пети. Крајниот резултат е дефинитивно уникатна фотографија, која вечно ќе ги засмева сите гости кои биле присутни на забавата.Откачена свадбена фотографија која вечно ќе се памтиМилер, свадбен фотограф од Луизијана, решил да ја испроба оваа негова идеја на невестата Кејт Јанг и младоженецот Џејмс Лаудер, бидејќи Лаудер обожава диносауруси. Кога ќе се загледате одблизу, сечија експресија на лицето е апсолутно бесценета. На Милер му се посреќило овој негов експеримент да го направи со помош на одлична група учесници, кои испаднало дека можат да бидат и одлични актери пред фотоапаратот.Откачена свадбена фотографија која вечно ќе се памти Откачена свадбена фотографија која вечно ќе се памти

Фотографот вели: „Тие се толку забавен пар и имаа толку интересна свадба, така што сѐ што јас требаше да направам, е да им кажам да бегаат од невидливиот диносаурус. И тие го направија тоа. Фотографијата ја добивме од прв обид, а целиот процес траеше максимум 2 минути“.

Откачена свадбена фотографија која вечно ќе се памти (5) otkachena svadbena fotografija koja vechno kje se pamti-www.kafepauza.mkОдлична идеја за оние идни младоженци кои сакаат на својата свадба да покажат дека планираат вечно да го сочуваат својот млад дух, нели!? 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар