Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот

Кога го уредувате станот, покрај тоа што треба да внимавате при одбирањето на мебелот, бојата на ѕидовите и теписите, многу важна улога играат и завесите. Покрај тоа што тие мораат да бидат функционални, треба да внимавате и на одредени детали. Ова се неколку трендови кои е пожелно да ги следите без разлика дали имате мал или голем простор.

Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот

Материјали

Со одбирањето на материјалот за завеси не можете да погрешите. Проѕирни, непровидни, лесни или тешки, на пазарот се нудат голем број материјали кои се достапни за повеќето луѓе.

Доколку имате мал простор, најдобро е да одберете проѕирни завеси во посветла боја за да може светлината да продира низ нив.

Во поголемите простории најдобро е да си поиграте со два вида ткаенина, проѕирна за во средината и потешка и набрана за краевите, која ќе служи како драпер.

Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот

Дезени

Интересните дезени секогаш можат да му дадат поинаква димензија на домот, но при нивниот избор треба да бидете внимателни. Доколку имате еднобоен мебел, тогаш слободно можете да експериментирате со дезени. Пробајте да експериментирате со материјали со пруги, точки или цветови. Сепак, доколку на мебелот веќе имате дезени, тогаш одиграјте ја побезбедната варијанта и одберете еднобојни завеси.

Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домотОдберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот

Бои

Токму како и кај облеката, оваа година многу се популарни жешките бои. Портокаловата, зелената, виолетовата и жолтата се само неколку бои кои совршено се вклопуваат со дрвени, мазни, лакирани, стаклени и метални површини во домот.

Не потценувајте ја белата боја, бидејќи таа повторно се враќа во мода. Белата боја на малите простории ќе им додаде елеганција.

Доколку имате големи простории во кои доминира дрвениот мебел, тогаш најдобро е да се одлучите за пастелни или земјени тонови.

Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар