Ноќен клуб инспириран од ледените пештери

Автор: Марија Смокварска

Elia Felices е дизајнер на ентериер од Шпанија која може да се пофали со нејзиниот голем успех – ноќниот клуб La Cova, кој се наоѓа во Матаро, близу Барселона.Ноќен клуб инспириран од ледените пештериLa Cova располага со 500 квадратни метри во кои се сместени гардероба, место за танцување, 2 бара, место за диџеј и секако, простор за седење со ултра модерно дизајнирани сепариња. Сите соби се спојуваат во една правоаголна просторија која овозможува убаво распределување на гостите и помали шанси за метеж.Ноќен клуб инспириран од ледените пештериОсновната идеја на дизајнерката била создавање на диско кое потсетува на ледена пештера во центарот на градот, за на крајот и да го создаде. Целиот ентериер е во знакот на мразот: украсите, осветлувањето, облиците, боите и др. Од таванот висат две големи светилки кои потсетуваат на мразулци. Друг извор на светлина се светилките кои произлегуваат од подот во облик на камења.Ноќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериElia Felices сакала да го истакне едноставниот дизајн со многу променливо осветлување. Бојата на осветлувањето е една од главните карактеристики на La Cova. Главниот влез е осветлен како полумесечина за да привлече внимание кај минувачите. Белите ѕидови се декорирани со цртежи со сини цветови кои даваат специфичен изглед на просторијата. Подиумот е изработен од издигната плоча во која се наоѓаат LED светилки кои ја менуваат бојата.Ноќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериЗаклучокот кој се добива од ова место е дека овој ноќен клуб нуди многу забава, па ако некогаш сте во близина на Матаро, би било добро да го посетите. Еве уште една додатна информација: за разлика од кај нас, во La Cova има одредени простории за пушачите така што и да го посетите овој клуб зиме, нема да мрзнете пред врата пушејќи ја вашата цигара :)Ноќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештери


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар