Њујорк каков што не сте го виделе досега

Еван Џозеф успева да ја прикаже оваа блескава метропола, од една поинаква перспектива. Неговите величествени фотографии, се направени во ноќно време, од хеликоптер кој лета 762 метри над земјата. Од небесните височини тој ги фотографира убавините на градот одозгора, додека лета во воздух и фотоапаратот му се тресе во рацете. Со оглед на прецизноста и чистотата на неговите фотографии, може да се заклучи дека тој е тотално посветен и трпелив во својата работа.Њујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаОние среќници кои ќе бидат во Њујорк оваа есен, ќе имаат можност да ја видат неговата маестрална колекција фотографии одблизу, во огромен формат, во галеријата „Тачи“, на 27 октомври.Њујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаНа изложбата насловена „Evan Joseph at Night“ (Еван Џозеф во ноќта) ќе биде прикажан градот од сосема поинакви, до сега невидени перспективи, како и популарните знаменитости кои го одбележуваат, Емпаер Стејт Билдинг, Статуата на Слободата, центарот Рокфелер и Тајм Сквер. Погледнете ги драматично осветлените облакодери, мостовите кои треперат, неонските светла и жолтите такси возила кои јурат по авенијата Бродвеј. Волшебно, зарем не?!Њујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досега


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    Wow! Постои совршенство, знам јас! Само уште луѓето да си дозволат самите на себе да бидат совршени, т.е. совршено несовршени 😉

  2. Тино Reply

    Прекрасни фотографии! Но, не би рекол дека фотоапаратот „му се тресе“ во рацете, бидејќи во тој случај не е можно да испаднат толку чисти и фокусирани фотографиите и ќе требаше сами да ги составуваме овие прекрасни урбани пејсажи. :)

Остави коментар