Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките

Норвешкиот фотограф Шел Блок Сандвед ја посветил неговата фотографска кариера, сликајќи ја убавината на светот во којшто живееме. Воедно, направил воодушевувачка колекција со фотографии од пеперутки со зачудувачки шари на нивните крилца. Благодарение на неговиот остар вид, Шел забележал спектакуларни природни дизајни на пеперутките, кои неверојатно многу потсетуваат на буквите од азбуката и едноцифрените броеви. Како резултат на тоа, тој ја оформил фотосеријата „Butterfly Alphabet“.

Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките

Во оваа колекција тој собрал крилца од пеперутки со сите 26 букви од американската азбука, како и со едноцифрените броеви од 0 до 9. Откако ја открил целата азбука низ колоритните крилја на пеперутките, Шел на неговиот веб-сајт започнал да им нуди на муштериите, не само шанса да купат постер со сите букви, туку и да си нарачаат постер по желба со принтови од различни зборови, спелувани со овие уникатни букви, создадени од „мастилото“ на природата.

Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките Неверојатно откритие: целата азбука сокриена во крилцата на пеперутките


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Кикац Reply

    А кирилица :p

  2. Ана Б. Reply

    Се прашувам дали да ја барал македонската азбука ќе ги најдел нашите букви :)

Остави коментар