Неверојатни замоци нацртани на зрно песок

Неверојатни замоци нацртани на зрно песок

Кога размислуваме за песочни замоци, прво нешто што на сите ни паѓа на памет се замоци изградени од многу зрна песок. Но, за артистот Вик Муњиз и артистот-истражувач Марчело Коељо, значи нешто сосема спротивно. Тие успеале на само едно мало зрно песок да нацртаат еден цел замок. Им требало 4 години за да го усовршат овој процес и мора да признаеме дека крајните резултати се исклучителни. Овие детални слики (зголемени како фотографии) се нешто помалку од еден милиметар во должина.

Неверојатни замоци нацртани на зрно песок

Преку низа од обиди и грешки, тие користеле комбинација од техники од 19-от век и од денешната модерна технологија. Муњиз прво ги создавал нацртите од замоците со помош на камерата „lucida“, оптичка направа која била создадена во 1807 година. Таа се потпира врз призма која проектира рефлексија од она што се наоѓа пред вас на хартија. Откако ќе ги заврши цртежите, тој му ги праќа на Коељо кој ги гравира на зрното песок со помош на „Focused Ion Beam“, машина која е способна за создавање линии кои се само 50 нанометри широки. Погледнете ја нивната фасцинантна работа…

Неверојатни замоци нацртани на зрно песок Неверојатни замоци нацртани на зрно песок Неверојатни замоци нацртани на зрно песок Неверојатни замоци нацртани на зрно песок




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар