Неверојатни скулптури од плетена жица

Британскиот уметник Дерек Кинзет, жицата за изградба на кокошарници ја претвора во илјадници фунти. Се разбира, не буквално. :) Тој дошол до брилијантна идеја од плетената жица да изработува тродимензионални скулптури. Тие се неверојатно прецизни и во природна големина. За секоја од нив му се потребни најмалку 100 часа. Покомлицираните пак, ги прави со месеци. Но, затоа трудот го наплатува 6.000 фунти по модел.

Меѓу љубителите на неговите дела е и холивудскиот актер Николас Кејџ. Тој купил една од скулптурите и ја поставил во неговиот дом, лоциран во близина на Гластонбери, Вилтшир.Неверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаПокрај човечки скулптури, 45-годишниот уметник изработува и 3Д модели на суштества од имагинарниот свет, како и многу други предмети. Тој одбива во текот на својата работа да носи заштитни ракавици, бидејќи според него, тие би му ги нарушиле чувството за допир и би влијаеле на квалитетот на неговите уметнички дела.

Пред да почне со изработка, Дерек црта скици или пак фотографии конвертира во цртежи. Потоа тие ги користи како водич според кој, со резбарски нож прави калапи во пурпена. Тој по пет пати ја намотува жицата околу калапот, со цел кога ќе го отстрани, моделот да биде доволно јак и да не се деформира. Жицата ја прска со цинк за да спречи нејзино ‘рѓосување, а потоа со специјален спреј ја враќа нејзината оригинална боја.Неверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жица

„Кога студирав, моите дела имаа толку многу детали кои не сакав да ги покривам. Започнав да правам сè поголеми скулптири и да додавам уште повеќе детали. Така го развив овој стил и станав тоа што сум денеска.  Кога луѓето гледаат скулптури, тие често поминуваат покрај нив без да им обрнат особено внимание, но кога станува збор за моите модели, тие се враќаат два пати, за да ги видат одблизу. Се обидуваат да сфатат како сум ги направил“, вели Кинзет.

Неверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаМоже да се каже дека Кинзет ù нашол одлична примена на жицата, многу подобра од онаа на нејзините производители. :-)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Biba Reply

    Znaci alal da mu e na zivcite za ova da go pravi, a pred se i na talentot!!! Imam samo eden zbor – B R A V O ! ! ! !

Остави коментар