Неверојатна уметност: Букет од рози кои горат!

Неколку уметници имале едноставна идеја – да создадат нешто што никогаш претходно не било видено во светот кој премногу добро го познаваме. Можеби звучи чудно, но првата идеја на Петар Јавoровски била да создадат архетип на убавина – предмет кој ја одржува својата форма, но е пред распаѓање.

0-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk

За овој проект, тие не можеле да користат 3Д алатки и затоа се решиле да создадат нешто сосема одново. Најпрво, користеле различни материјали за да ја изградат формата на цвеќињата. Потоа ги обоиле цветовите и ги прекриле со вулкански пепел, па надополниле со јаглен кој гори, а за да ја исполнат празнината помеѓу розите искористиле црвено светло кое им дало светлечки ефект.

Вториот дел се состоел од фотографирање само на јагленот, користејќи ја истата перспектива за потоа дигитално да ги спојат и усогласат сите слоеви. Финалниот резултат – една голема и многу детална слика за која би требало многу повеќе време кога би се користеле вообичаените 3Д алатки.

1-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk 2-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk

Погледнете како течела подготовката за проектот.

3-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk 4-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk 5-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk 6-neverojatna-umetnost-buket-od-rozi-koi-gorat-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар