Неверојатна куќа во Јужна Африка која совршено е прилагодена на околните пејзажи

Оваа прекрасна куќа се наоѓа во близина на планината „Лавовска глава“ во Кејптаун. Таа се протега на површина од 1.000 метри квадратни и е дизајнирана од страна на познатата архитектска фирма „SAOTA“. И покрај нејзината огромна големина, фокусот на овој дом не е на самата структура, туку на неверојатното небо и море кое ја опкружуваат.

(1) Неверојатна куќа во Јужна Африка која совршено е прилагодена на околните пејзажи

Отворената и пространа куќа е составена од цемент, стакло и челик, и се наоѓа во подножјето на планината. Постојат два ката, од кои на вториот има повеќе спални и фамилијарни соби, додека пак кујната, трпезаријата и дневните простории, како и надворешната тераса со голем базен се наоѓаат на првиот кат. Но, она што е најневеројатно кај оваа куќа е тоа што понекогаш многу тешко можете да откриете каде завршува надворешноста и од каде почнува внатрешноста. Погледнете…

(2) Неверојатна куќа во Јужна Африка која совршено е прилагодена на околните пејзажи

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар