Несекојдневни спални соби

Несекојдневни спални соби

Дали посакувате да сонувате уште пред да заспиете? Овие необични спални соби ќе ве внесат во светот на фантазијата, каде сите ваши соништа можат да се исполнат.

Несекојдневни спални соби

Оваа спална соба се наоѓа на островот Микинос, Грција. Наутро кога ќе станете, можете да се релаксирате во базенот кој е поставен веднаш пред креветот.

Несекојдневни спални соби

Несекојдневно искуство ви нуди токму оваа хотелска соба која се наоѓа во Шведска. Инспирирана од филмот „Трон“, ова место изгледа како да спиете во светлечки компјутерски чип.

Несекојдневни спални соби

Доколку ја сакате природата, ќе немате никаков проблем да спиете во ваква спална соба. Оваа соба е дизајнирана од архитектот Ville Hara од Хелсинки.

Несекојдневни спални соби

Хотелска соба во Лондон нуди несекојдневно доживување каде целиот мебел е качен на платформа.

Несекојдневни спални соби

Во ваква разиграна и шарена соба никогаш нема да ви стане досадно. Доколку телевизорот сместен на таванот не ви го одвлече вниманието, тогаш со сигурност шарените балони ќе ве расположат.

Несекојдневни спални соби

Оваа спална соба во форма на гнездо, е совршено место каде можете да се опуштите од напорниот ден. Изгледа толку комфорно, што ќе посакате веднаш да се нурнете во огромните перници.

Несекојдневни спални соби

Огромниот душек во форма на буквата „L“, означувајќи ја љубовта, е специјално дизајниран за хотелската соба „LLove“, во Токио.

Несекојдневни спални соби

Соба која изгледа како авионска кабина со многубројни копчиња, е вистински предизвик за сите вљубеници во технологијата.

Погледнете како би изгледало да спиете и под водите на Индискиот океан, а ако сте љубители на тематско внатрешно уредување, размислете за пиратска детска соба.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар