Необична уметност: Суви лисја претворени во деликатни уметнички дела!

Омид Асади има 38 години и е поранешен инженер и шампион во бокс од Иран. Тој сега е уметник кој живее во Велика Британија. Уметноста му помага да развие поинаков поглед кон светот и тој работи со разни материјали, но неговата прва љубов е создавањето интересни сцени со деликатно сечење делови од лисја.

Необична уметност: Суви лисја претворени во деликатни уметнички дела!

Автопортрет

Неговата уметност со лисја влече корени од неговото детство кога развил длабока емоционална поврзаност со природата. Кога бил дете, користел игла за да создаде форми во лисјата или паднатите ливчиња од цветовите. Тој долго време не го користел овој метод, но во 2012 година повторно почнал да ги користи лисјата како основен материјал за неговите уметнички дела.

Асади користи разни техники на сечење и резбање за да создаде форми и облици со чија помош ги претвора обичните лисја во деликатни уметнички дела. Целиот процес одзема навистина многу време, но преку ова тој сака да им покаже на луѓето дека не ја забележуваме убавината на обичните нешта, освен ако нешто не ни го привлече вниманието. Погледнете ја неговата необична уметност што дефинитивно ќе ве остави без зборови…

Силуета

Необична уметност: Суви лисја претворени во деликатни уметнички дела!

Страчка

Необична уметност: Суви лисја претворени во деликатни уметнички дела!

Апстрактни форми

Необична уметност: Суви лисја претворени во деликатни уметнички дела!

Лист со запци

Необична уметност: Суви лисја претворени во деликатни уметнички дела!

Мир

Необична уметност: Суви лисја претворени во деликатни уметнички дела!

Сонувајте на големо!

Необична уметност: Суви лисја претворени во деликатни уметнички дела!

Продолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите уметнички дела…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар