Необична уметност: лебдечки облачиња во соба

Необична уметност: лебдечки облачиња во соба

Овие симпатични облачиња кои лебдат во соба се дело на холандскиот уметник Berndnaut Smilde. Но, тој одбива да ни открие како ги создал, остава самите да се потрудиме и да ја објасниме неговата уметност. Првото го поставил пред две години во галеријата Probe, чии изложби може да се посетуваат само на интернет, а второто неодaмна во хотелска соба.

Последниот уметнички експеримент на Smilde траел само неколку минути, а во живо можеле да го видат малкумина во хотелот Мариjа Капел. Оваа репродукција на неговото сопствено дело, најверојатно била за да покаже дека не се работи за Фотошоп. Како и да е, идејата е навистина оригинална. Необична уметност: лебдечки облачиња во собаОстанатите фотографии се од неговото прво дело. Еве што изјавил по нивното објавување:

„Замислував како влегувам во музеј со празни ѕидови. Местото изгледаше пусто. Од една страна сакав да креирам морничава ситуација, бидејќи облакот може да се гледа како знак на несреќа. Но, исто така, тој може да се гледа и како дел од холандски пејзаж во класична музејска сала. Во исто време сакав да создадам јасна слика, како таа да е дел од цртаните филмови, во кои е типична појавата на облак, како симбол за лоша среќа.“

Погледнете го облакот од неколку различни агли. Додека го набљудувате, ако дојдете до идеја за тоа како авторот ја создал оваа несекојдневна уметност, слободно споделете ја со нас…Необична уметност: лебдечки облачиња во собаНеобична уметност: лебдечки облачиња во собаНеобична уметност: лебдечки облачиња во собаНеобична уметност: лебдечки облачиња во собаНеобична уметност: лебдечки облачиња во соба


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. bebe Reply

    ahah brashnо ili nesho sliicno 😛

Остави коментар