Науката потврди: Ова се најдобрите бои за секоја просторија во вашиот дом

Сигурно многупати досега сте прочитале дека боите можат во голема мера да влијаат на вашиот живот, на тоа како се чувствувате, па дури и на тоа како се однесувате. Ако го земете тоа предвид, тогаш дефинитивно треба добро да размислите за боите што ве опкружуваат за да бидете сигурни дека секогаш ќе ги избирате најдобро, но и за да го избегнете лошото расположение, па дури и незапирливиот апетит. Во продолжение дознајте која боја е совршена за секоја ваша просторија, судејќи според научните заклучоци.

1. Спална соба

2-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Испробајте „валкано“ сина боја. Сината боја обично се поврзува со мирот, одморот и опуштањето, најверојатно поради тоа што морето и небото се сини, а кога гледате во овие површини, невозможно е да бидете лошо расположени. Судејќи според психолозите, во сината соба ќе имате поквалитетен сон. Немојте да избирате премногу силна нијанса, бидејќи собата секако ќе биде осветлена, но не и премногу темна, бидејќи нема да можете да ја осветлите. Избегнувајте ја виолетовата боја, бидејќи иако по тонот е близу до сината, лошо влијае на вашиот сон.

2. Работна соба

0-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

За ова просторија најдобра е зелената боја, бидејќи ја поттикнува креативноста. Ова се случува бидејќи зелената боја асоцира на природа што ви помага да ги прочистите мислите. Секако, немојте да претерувате со нијансата и количината. Избегнувајте ја црвената боја, бидејќи верувале или не, ја намалува аналитичката способност.

3. Кујна

4-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Црвената и портокаловата боја го поттикнуваат апетитот, па затоа избегнувајте ги овие бои доколку не сакате да се здебелите. Сината, на пример, е сосема во ред , бидејќи има спротивен ефект. Сепак, кујната би требало да биде во некоја силна нијанса за да ја подигне вашата енергија, особено наутро додека појадувате. Само обидете се да избегнете кобалт сина.

4. Бања

5-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Белата боја асоцира на чистотија, но е некако „ладна“. Затоа за бањата најдобар избор е нежно розова боја, бидејќи подобро влијае на вас кога ќе влезете во неа, потопла е, и прави да се чувствувате поубаво и попријатно. Свежо и опуштено. Избегнувајте ги неонските бои, бидејќи се премногу напорни.

5. Дневна соба

6-naukata-potvrdi-ova-se-najdobrite-boi-za-sekoja-prostorija-od-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Ако сакате пријатна, позитивна енергија во вашата дневна соба, во која поминувате најголем дел од времето, најдобар избор би биле топлите песочни нијанси. Од друга страна пак, премногу темните бои нема добро да влијаат на вас, па затоа фокусирајте се на оние посветлите, понежни.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар