National Geographic ги избра најдобрите фотографии од природата за 2016 година

National Geographic ги избра најдобрите фотографии од природата за 2016 година

National Geographic веќе ги објави резултатите од престижниот годишен натпревар за најдобра фотографија од природата. Првото место заедно со 10-дневно патување за двајца на островите Галапагос, две 15-минутни разгледувања на портфолијата со фотографии и награда од 2.500 долари му припаднаа на Грег Лекер, за одличната фотографија каде што се прикажани грабливци како ловат сардини под водата. Овој конкурс привлекол илјадници фотографии од целиот свет, а судиите ги оценувале истите во четири категории: Акција, пејзажи, портрети на животните и животна средина.

1. Пофалница за категоријата животната средина: Нема снег, нема лед?, Островот Бартер

Национална Географија ги избра најдобрите фотографии од природата за 2016 година

Осамена мечка седи на остров. Нема снег, иако во ова време од годината би требало да има. Локалното население изјавило дека ова е невообичаено топла зима и дека мразот ќе се формира подоцна. Ова ќе има влијание врз животот на поларните мечки, кога тие треба да ловат фоки за да се прехрануваат во текот на зимските месеци.

2. Прво место, победник, категорија пејзаж: Борба за живот, Холандија

Национална Географија ги избра најдобрите фотографии од природата за 2016 година

За да се врати оригиналната динамика на реките, потребни се повеќе мерки. Една организација за природата се обидела да ја зголеми хетерогеноста на дното на реката и да ја задржи водата со ставање мртво дрво. Есента, кога врнежите од дожд се поголеми, некои делови од шумата се поплавуваат. Откако фотографот ја видел оваа мала бука во водата, како се обидува да ги преживее тешките услови, тој се решил да ја фотографира. Па, една вечер сите услови биле задоволителни и тој ја направил оваа прекрасна фотографија.

3. Трето место во категоријата пејзаж: Бура на Тихиот океан

Национална Географија ги избра најдобрите фотографии од природата за 2016 година

Огромна бура над Тихиот океан.

4. Пофалница во категоријата пејзаж: Случаен зелен метеор, Индија

Национална Географија ги избра најдобрите фотографии од природата за 2016 година

Овој зелен метеор бил фотографиран додека камерата била поставена на изложеност од 15 секунди и 999 снимки, па тој бил на една од нив. Овој фотограф бил многу среќен што успеал токму во тие 15 секунди да го фати овој редок феномен.

5. Добитник на големата награда: Трка на сардини, Јужна Африка

Национална Географија ги избра најдобрите фотографии од природата за 2016 година

Оваа фотографија е направена за време на миграцијата на сардините по дивиот брег во Јужна Африка. Тие се демнати од страна на морски птици и делфини. Ловот започнува од страна на делфините кои имаат развиено посебни техники. Со извонреден вид, птиците ги следат делфините пред да се нурнат во слободен пад од 30 до 40 метри, со брзина од 80 километри на час за да уловат што повеќе сардини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар