Накит од интерпункциски знаци

Колку би било добро кога би можеле да ги прикажеме разните смешковци кои ги користиме на интернет во реалниот живот, нели?! Оваа елегантна, сребрена колекција на рачно изработен накит од финската компанија Chao and Eero, ни ја дава токму таа можност.

Накит од интерпункциски знациПознатата компанија е основана од брачниот пар Eero Hintsanen и Chao-Hsien Kuo. Тие за овој накит велат:

„Во денешната модерна ера, светот е поврзан преку компјутери, лаптопи и мобилни телефони. Многу од нас остваруваат интеракција со голем број луѓе во текот на денот, преку овие многу различни начини на комуникација.“

Накит од интерпункциски знаци

„Се изразуваме себеси со помош на смешковци, зборови и интерпункциски знаци, кои го опишуваат нашето расположение.“

Накит од интерпункциски знаци

„Оваа колекција од разни знаци е начин на покажување восхит кон овие симболи, кои постанаа неопходен дел од нашето комуницирање.“

Накит од интерпункциски знаци

Сребрениот накит на Chao и Eero ни ја дава слободата да ги покажеме нашите емоции и расположенија преку накитот кој го носиме. Нели е тоа прекрасно? :)

Накит од интерпункциски знациНакит од интерпункциски знациНакит од интерпункциски знаци


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар