Најубавиот воден центар во светот

Водениот центар Les Bains Des Docks (Бања покрај пристаништата) е прекрасно место за пливање и релаксација, кое се наоѓа во францускиот град Авр. Дизајниран е од страна на Жан Нувел за кој инспирација биле класичните римски бањи.Најубавиот воден центар во светотОвој неверојатен центар претставува спој од внатрешен и надворешен простор кој го исполнуваат базени, сауни, водопади и соби со пареа кои посетителите ги маѓепсуваат со природните убавини на водата. Најубавиот воден центар во светотДизајнот е чист, смирувачки и геометриски кој го карактеризираат правоаголни форми кои создаваат вдлабнатини и испакнатини. Архитектонското решение се базира на неутралност на боите во просторот во кој водата и телата во неа создаваат органска поврзаност. Од ова отстапува шарениот и живописен дел наменет за децата. Најубавиот воден центар во светотLes Bains Des Docks не е ексклузивно место, отворено е за јавноста. Влезот чини 5 евра по човек, без специјалните попусти. Ако некогаш сте макар на поминување во Авр, вреди да го посетите ова место и да ги споделите своите доживувања со нас кога ќе се вратите. Во меѓувреме, сите можеме и оддалеку да се воодушевуваме на убавината на дел од природата доведен во идеален баланс со архитектурата.Најубавиот воден центар во светотНајубавиот воден центар во светотНајубавиот воден центар во светотНајубавиот воден центар во светотНајубавиот воден центар во светотНајубавиот воден центар во светотНајубавиот воден центар во светотНајубавиот воден центар во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ArTE Reply

    nisto posebno…..mislev kojznae sto e..:S

Остави коментар