Најубавиот тунел што некогаш сте го виделе

По повод Фестивалот на светлината во Лион, Франција, тунелот „Црвен крст“ кој е долг 1,8 километри беше претворен во надреална земја на чудата. Фестивалот траеше од 6 до 9 декември, а за тоа време благодарение на светлосните проекции, тунелот беше претворен во голема галерија „на отворено“.

Најубавиот тунел што некогаш сте го виделе

Жорж Кепеникјан, заменикот за култура на градот Лион, изјави дека ова е првпат во Европа, преку иновативни креации да му биде променета функцијата на еден тунел. Во овој период тунелот беше достапен само за пешаци и велосипедисти, а посетителите имаа прилика да гледаат дел од серијата видеа „Anamorphosi“, кои беа проектирани на ѕидовите и таванот на тунелот.

Најубавиот тунел што некогаш сте го виделе

Главната идеја била проекциите да бидат толку реални, што посетителите ќе немаат впечаток дека се наоѓаат во затворен простор, туку како навистина да се на местата прикажани на ѕидовите.

Најубавиот тунел што некогаш сте го виделе Најубавиот тунел што некогаш сте го виделе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар