Најслаткото маче во светот се претвори во лавче

Се сеќавате на Дејзи, најслаткото маче во светот? Пред околу година дена ве запознавме со ова малечко маченце, чиј сопственик Бен Тороде од Токио го фотографираше во разни симпатични сцени, како свири на пијано или ѕирка од сад за готвење, поради што Дејзи стана хит на интернет.Најслаткото маче во светот се претвори во лавчеДолговлакнестата персиска мачка сега е стара година и пол и доживеа драматична промена во својот изглед. И покрај тоа што е редовно чешлана, во крзното на Дејзи се создавале многу јазли кои биле премногу блиску до кожата за да можат убаво да се пресечат. По препорака на ветеринар, Бен одлучил дека на Дејзи ѝ е потребна нова фризура и тоа не каква било, тука таква која прави да личи на мало лавче.Најслаткото маче во светот се претвори во лавчеДејзи има и најдобра пријателка, мачката Хана и ни едната ни другата не знаеле што да мислат за нејзиниот нов изглед. Бен изјавил:

„Таа беше прилично преплашена кога се врати дома од ветеринар, а Хана не ја препозна и почна да пишти и да ја напаѓа. Мачките меѓусебно не се препознаваат според нивното лице, туку според опашот, па бидејќи Дејзи сега има лавовски опаш, Хана помисли дека сме донеле нова мачка. После една недела, Дејзи го прифати нејзиниот нов изглед и најверојатно сега ужива во бриченото крзно, со оглед на тоа што ова лето во Јапонија е пеколно жешко“.

Како и со минатите фотографии, така и со овие Дејзи се популаризираше на интернет и корисниците на социјалната мрежа Редит просто ја обожаваат, а еден искоментирал дека ѝ е потребен жесток алкохол за да го надмине првичниот шок од новиот изглед.Најслаткото маче во светот се претвори во лавче Најслаткото маче во светот се претвори во лавче Најслаткото маче во светот се претвори во лавче


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар