Најслаткото еже во светот

Инстаграмерот Шота Цкамото од Токио, гордо го фотографира неговото милениче еж кое се вика Дарси, но е најдобро познато како @darcytheflyinghedgehog. Дарси без конкуренција е едно од најслатките мали ежиња во светот. Боцкавото мало девојче е неодоливо додека удобно си седи во своите чевли, се одмара на шпил карти, љубопитно истражува четка за коса или пак, спие на дланката од својот сопственик.

Најслаткото еже во светот

Слаткото мало милениче е 3-годишен еж кој го добил своето име според поранешниот басист од бендот „The Smashing Pumpkins“ и според Цкамото, во некои карактеристики таа навистина наликува на девојката која била инспирација за нејзиното име. Без разлика на нејзините боцки и фактот дека ежињата најчесто се заштитнички и претпазливи, Дарси е топла, таа е мало животинче кое едноставно не можете да не го засакате.

Најслаткото еже во светот

Секоја фотографија на Инстаграм-профилот на Цкамото е послатка од претходната и токму поради тоа нема да можете да престанете да го гледате ова мало домашно животно и неговите неодоливи авантури. Гледајќи ги фотографиите дури ќе се запрашате што размислува Дарси додека го истражува големиот свет околу неа. Нејзиниот сопственик вели дека никогаш не пишува наслови под фотографиите бидејќи сака да им овозможи на гледачите со помош на нивната фантазија да создадат своја приказна за Дарси. Тој исто така изјавил дека можеби ќе издаде детска книга и ние целосно ја поддржуваме неговата идеја.

Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот Најслаткото еже во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар