Најслатките Лего коцки

Најслатките функционални Лего коцки направени од чоколадо

Обично јадењето ЛЕГО коцки би се сметало за опасно и штетно, но јапонскиот артист и дизајнер Акирхиро Мизучи го решил проблемот, правејќи го сонот на секое дете – достапна реалност.

2-najslatkite-lego-kocki-kafepauza.mk

Мизучи направил коцки од бело, млечно, црно и розово чоколадо. Коцките се сосема функционални за играње и градење. Тој дури има направено серија од овие коцки за правење роботи.

Ова е фантастична идеја која ги спојува слатките задоволства и забавната детска игра, но не може да не забележиме дека постои и еден голем недостаток – па која ЛЕГО структура би издржала под искушението да се вкусат овие слатки коцкести задоволства?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар