Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите

Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите

Оваа мала куќа од само 26 квадрати е практична, забавна и магична. Нејзиниот дизајн целосно ќе го освои вашето срце. Куќата која го носи името „Invernes“ се наоѓа на брегот на Северна Калифорнија и служи како мало викенд бегство за топлите летни денови. Едноставноста со која е дизајнирана нè потсетува дека дури и секојдневниот живот можеме да си го поедноставиме и да најдеме совршен баланс кој ќе води до мир и релаксирање.

Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите

Оваа куќа е дизајнирана така што целосно се вклопува во пејзажот на околината, додека пак изборот на материјали е малку чуден и необичен. Таа целосно е склопена од метал, штици, иверица и медијапан, но и покрај тоа што нема да трае стотици години, сепак во моментов викендите поминати во неа можат да бидат без сомнение незаборавни!

Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите Најслатката мала куќа во која целосно ќе се заљубите

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар