Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко

Лондонскиот артист Jaroslav Wieczorkiewicz направил модерни интерпретации на класичните пин-ап девојки, со помош на хај-спид течна фотографија.

Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко

Тој го создал овој разигран проект т.н. „Milky Pin-Ups“, за чии потреби убави манекенки позираат пред апаратот, облечени во шик, течни фустани направени од млеко. Артистот објаснува дека проектот бил „направен од млеко, замрзнат во времето и претворен во висока мода“.

Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко

За да го создаде секој млечен фустан, артистот и неговиот тим фрлале млеко врз моделките и направиле стотици фотографии. Благодарение на хај-спид фотографијата, секоја капка може да се види во најпрецизен детаљ. Големиот број фотографирани плискања со млеко, потоа биле дигитално споени, за да се добие модерен аутфит кој совршено се прилепува на свиленкастата кожа на моделките. Тимот за инспирација, се послужил со пин-ап сликите на Гил Елвгрин и други артисти, повторно создавајќи ги тие секси сцени со живи бои, но овој пат со модерна инвентивност.

Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млекоМодерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко Модерни пин-ап убавици позираат во фустани од млеко

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар