Модерна и минималистичка куќа

Дизајнирана од Ong & Ong, оваа куќа во Сингапур претставува многу добар пример за минимализам и за модерното во денешниот свет на архитектурата. Иако е неверојатно современа и модерна, таа е сепак во баланс со едноставноста на природата околу неа. Куќата се базира на концепт за создавање отворен простор, исполнет со многу светлина, а сепак доволно приватен за да биде пријатен за живеење. Првиот спрат е направен од фино исполирани ѕидови коишто водат директно до базенот.(1) Модерна и минималистичка куќаБазенот, заедно со градината, ја дели куќата на два дела и со тоа ја прави одлично место за релаксација и дружење со најблиските пријатели или семејството. Вториот спрат пак, комплетно е резервиран за големата спална која преминува во работна соба и за бањата. Ентериерот е направен во минималистички стил со скриени ТВ и музички елементи.(2) Модерна и минималистичка куќа(3) Модерна и минималистичка куќа(4) Модерна и минималистичка куќа(5) Модерна и минималистичка куќа(6) Модерна и минималистичка куќа(7) Модерна и минималистичка куќа(8) Модерна и минималистичка куќа(9) Модерна и минималистичка куќа(10) Модерна и минималистичка куќа(11) Модерна и минималистичка куќа(12) Модерна и минималистичка куќа(13) Модерна и минималистичка куќа(14) Модерна и минималистичка куќа

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Љутви Reply

    Куќава врска нема со минималистичка, не ни видов нишо ‘природа’ у неа освен едното дрвце у средина

    • ganimet Reply

      hihi stvarno vrska nema so minimalizam, ama e sovrsheno bela, mmmmmmmm obozavam belo

  2. Marina Reply

    Па најчесто минимализмот и не е најдобар избор за стил на интериер, посебно не за дом, според мене :) изгледа премногу ладно, ја губи семејната топлина што треба да ја има секој дом

    • Biljana Nastovski Reply

      minimalizmot e najdobroto resenie za secij dom, toa e ona najneophodnoto sto ni e potrebno vo zivotot, drugite raboti se nepotrebni, a semejnata toplina, Marina, ne izvira od mebelot tuku od harmonijata i ljubovta vo semejstvoto i nadvor od nego :)

  3. Biljana Nastovski Reply

    kukava ne e minimalisticka spored nejzinata golemina, a spored mebelot – da

Остави коментар